Објавен конкурс за пилоти во АРМ

Министерството за одбрана  денеска објави нов конкурс за идни пилоти во Армијата на Република Македонија.

На конкурсот може да се пријават сите млади лица до 27 годишна возраст, кои, како што соопштуваат од МО, ги исполнуваат општите и посебните критериуми и кои имаат силна мотивираност да бидат дел од воздухопловните сили на АРМ.

Идните потенцијални пилоти ќе имаат можност да се обучуваат во Центарот за обука на пилоти од високо квалификувани професионалци од Израел и Македонија, информира Министерството за одбрана.

Подетални информации за конкурсот се објавени на веб страните на Министерството за одбранаwww.morm.gov.mk и на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопјеwww.ma.edu.mk.