Наместо да ужива како врсниците Никола секое утро во 4 собира шишиња – причината ќе ве трогне

Илија Обрадовиќ од Иваниќ град вели дека не може да биде погорд отколку што е. Причината е неговиот син кој иако има само 14 години летото го поминува така што помага да се прехрани семејството во кое има уште четири браќа и сестри.

Никола Обрадовиќ е 14-годишно дете од Иваниќ град кој веќе неколку години секој ден оди во Загреб каде собири шишиња и хартија и на тој начин го помага семејството кое живее од една плата.

-Собирам околу сто шишиња и околу 100 килограми хартија. Ова го правам пет, шест години. Тоа го засакав зошто не морам да барам ништо од родителите, вели Никола кој би можел да им служи за пример на своите врсници, но и на постарите од него. Станувам некаде околу 4 или 5 часот, доаѓам со татко му во Загреб и мене не ми е напорно, зошто имам велосипед со кој сум многу побрз отколку да одам пешки, опишува момчето.

Неговиот татко Илија вели дека се обидувал да го одврати од тоа, ама не успеал.

-Да сум на негово место, мене ќе ми беше тешко да станувам. Јас му зборував но тој сака да работи. Не можам јас сега да го запирам ако тој сака да работи, вели Илија.

Се што ќе собере, Никола го носи кај татко му кој работи како чувар. Секој ден вели го полни багажникот од автомобилот. Со парите заработени од шишињата и хартијата, купуваат се од патики до плаќање на сметките.

Гордиот татко открива дека неговиот син згора на се и штеди за на 18. роденден да се запише во автошкола и да земе возачка дозвола.

Погледнете ја неговата прекрасна приказна: