ВИДЕО: Сириската војска одби жесток напад

Сириските бунтовници започнаа голема офанзива кон деловите на градот Алепо, што се под контрола на владините армиски сили, соопшти денеска Сирискиот центар за мониторинг на човечките права.

Бунтовниците утрово почнале офанзива за преземање контрола врз автопатот Кастело, кој претходно го зазеде сириската армија, со што целосно ја прекина врската меѓу бунтовниците по копнен пат.

Сирискиот центар, чие седиште е во Лондон, соопшти дека 19 сириски војници загинале при експлозија во тунел во стариот дел на Алепо.

– Опозицијата засега не бележи напредок, поради воздушните напади на режимот во реоните каде што се водат борбите, изјави директорот на Центарот, Рами Абдел Рахман.

Алепо беше главен економски центар на Сирија пред 2011 година, кога започнаа антивладините протести. Од средината на 2012 година градот е поделен на западен дел, кој е под контрола на властите, и на источен – контролиран од бунтовниците.

ОН иницираше повеќе рунди преговори, но тие не дадоа резултати. Специјален претставник на ОН за Сирија, Стафан де Мистура, вчера изјави дека сега е „клучниот момент“ за политичко решение на конфликтот. Но, наспроти сето тоа, каки и покрај сите дипломатски напори, судирите не стивнуваат.

Досега билансот на жртви во оваа војна достигна околу 280.000 загинати.

Најголемиот дел од борците на Џеиш ал ислам биле приморани да се повлечат во источните делови на градот, истакнува истиот извор.