ВИДЕО: Путин успеа да припитоми леопард

Иако леопардите припаѓаат во фамилијата мачки, овие животни воопшто не се питоми, барем не за повеќето луѓе. Меѓутоа, рускиот претседател Владимир Путин очигледно со својот допир успеа да го припитоми ова животно.

На видеото кое кружи по социјалните мрежи се гледа како леопард додека е сам во кафезот скока и удира по оградата и пробува да излезе од него.