Голема полициска акција- Се апсат дилери низ цела Македонија

Голема полициска акција за разбивање на нарко дилери полицијата реализира во повеќе градови низ државата и со наредба на суд, се вршат претреси на 20 локации, дознава Алфа од свои извори.

Голема полициска акција за разбивање на нарко дилери полицијата реализира во повеќе градови низ државата и со наредба на суд, се вршат претреси на 20 локации, дознава Алфа од свои извори.
Според првичните информации, запленети се скапи автомобили и мотори, дрога и пари, кои дилерите ги добиле со препродажба на наркотици. Претреси се вршат во Скопје, Велес, Свети Николе, Кочани, Гевгелија, Струга, Кавадарци, и Штип. Полицијата ја потврди информацијата на Алфа и детали најави за во текот на денот.