ВИДЕО: 555 дена живеел со срцето во торба

Стен Ларкин е првиот човек од Мичиген, Америка кој излегол од болница со целосно вештачко срце. Срцето е поврзано преку две цевки за градите на Стен. Цевките се наоѓаат под ребрата и се поврзани со компресор, кој се наоѓа во неговиот ранец.

Кога имал 16 години, Стен се онесвестил додека играл кошарка. По онесвестувањето му дијагностицирале аритмогена кардиомиопатија на десната комора, која предизвикува неправилен срцев ритам.

Sten-Larkin

За разлика од другите срцеви болести, оваа болест влијае на двете страни на срцето, поради што бројните апарати не се во состојба да го одржуваат Стен во живот. Оваа болест е една од најчестите причини за изненадено престанување на работата на срцето, кое доведува до смрт кај помладата популација. Со години, Стен користел имплантабилнен дефибрилатор, кој испорачувал електрични импулси кога беа неопходни.

Сепак, тоа било само повремено решение, бидејќи со тек на време Стен станувал се послаб и послаб. Тогаш лекарите му советувале да му вградат вештачко срце, кое било поврзано со компресор кој бил премногу тежок. Со напредокот на технологијата, „тешкото срце“ е заменето со полесно и тоа од само 6кг. Сега Стен може да го продолжи својот живот и да чека за трансплантација на вистинско срце.