Синот на Бин Ладен се заканува со одмазда за убиството на татко му

Синот на поранешниот лидер на терористичката мрежа Ал Каеда, Осама бин Ладен, Хамза се закани дека ќе им се одмазди на САД поради убиството на неговиот татко, објавија американските медиуми.

Во видео запис под наслон „Сите сме Осама“, објавен на една исламистичка интерент страница, Хамза бин Ладен наведува дека Ал Каеда ќе ја продолжи својата глобална војна против САД и нивните сојузници.

Како што соопшти организацијата „Интелеџенс Груп“, која ги следи објавите на исламистичките сајтови, во 21-минутоно видео Хамза најавува дека смртта на неговиот татко ќе биде одмаздена.

Осама бин Ладен беше убиен во Пакистан од страна на американски командоси во 2011 година.

Неговата смрт претставуваше тежок удар за Ал Каеда, која е обвинета дека стои зад нападите во Њујорк и Вашингтон од 11 септември 2001 година.

Дополнителен удар на Ал Каеда претставуваше и појавата на џихадистичката група Исламска држава, која се наметна како водечка исламистичка сила во „светата војна“ против Западот.