Руската мафија продира во Германија

Руската мафија се повеќе ги шири своите активности во Германија, поради што земјата може да се соочи со загуби од неколку милијарди евра, објави германскиот весник „Велт“.

Весникот пренесува изјава на раководителот на германската Федерална полиција, Холгер Минх, кој вели дека полициските единици регистрирале „доста голема динамика меѓу руско-евроазискиот организиран криминал“.

– Во моментов тој се шири кон Запад, додава Минх.

Според Минх, во последно време руската мафија станува се поактивна дури и во области кои се несвојствени за неа, како што се големи кражби или ограбување на продавници.

– Постои сериозна опасноста ваквите активности да предизвикаат загуби од неколку милијарди евра, додава Минх за „Велт“.