Сензационално откритие на руските лекари: Пронашле лек против рак кој се сметал за неизлечив

Руските научници оствариле голем успех во пронаоѓањето на лек против еден од најмалигните тумори – неизлечивиот Кребс-2 тумор. Експертите од Институтот за цитологија и генетика, кој е дел од Руската академија на науки, развиле нова метода на лечење на ракот, базирана на најновото откритие за матичните клетки, и нивните специфични својства.

Нивните експерименти над лабораториски глувци покажале дека е можно да се сопре растот на ќелиите на туморот со помош на ДНК заедно во пакет со хемотераписки лек. Матичните клетки кои го иницираат туморот имаат изразени обележја, рекла за Siberian Times Др. Евгениа Долгова, која учествува во ова истражување.

Токму таа особина им овозможува на руските научници да ги пронајдат тие матични клетки внатре во самиот тумор. Руските научници во ДНК вбризгале специфична флоурокроматска боја, а клетките, кои примиле фрагменти од таа ДНК, почнале да светат црвено во одреден спектар. Тоа воедно помогнале и во нивното лоцирање и идентификување.

Сè е во временски рамки

Во текот на експериментот, научниците откриле дека фрагментите вбризгани во обоената ДНК, кои ги привлекуваат матичните ќелии на ракот во себе, по изложеноста на тие матични клетки на туморот на хемотерапискиот лек циклофосфамид, може да предизвика престанување на работата на тие матични клетки.

Тоа всушност значи дека туморот повеќе не може да се поврати, односно умира по одредено време.

“Карактеризиравме тераписки режим кој дозволува 50 проценти од животните кои имаат Кребс-2 тумор да бидат во целост излечени, и покрај фактот дека Кребс-2 генерално се смета за неизлечив тумор. Нашата анализа ја стесна временската рамка во која таа терапија е делотворна”, пишува во студијата, која била објавена во американското научно списание Oncotarget.

Стопроцентно заздравување

Глувците излечени со таа терапија, подоцна при размножувањето добиле во целост здрав подмладок.

“Откривме дека тие матични клетки на туморот, кои го предизвикуваат, треба да се убијат во време на заздравувањето по ефектот на специфичните хемотераписки лекови. Во тој период, тие ќелии се чувствителни на терапевтскиот режим кој го развивме. Кога туморот е лишен од својот организациски центар, имунолошкиот систем ќе ги елиминира останатите лезии и ќе дојде до целосно заздравување”, истакнал др. Сергеј Богачев, шеф на лабораторијата за идентификувани процеси на клетките.