Оптичка илузија што го воодушеви интернетот: Круг станува квадрат (ВИДЕО)

Како и обично, во прашање е чиста оптичка илузија: ист предмет, гледан од еден агол, изгледа сосема различно кога се гледа од друг агол.

Тајната на оваа илузија е во тоа што едно огледало е така поставено што дава поглед од два агли во исто време. На тој начин предметот гледан од еден агол изгледа како круг, а од друг како квадрат.

Од сите други агли, предметот изгледа недефинирано, а се работи за посебни форми испечатени на 3Д печатач.

Авторот на оваа илузија е Кокичи Сугихара од Универзитетот „Меј“ во Јапонија. За својот труд тој освои второ место на Натпреварот за илузија на годината.