Младиот Обама: Ретки фотографии од американскиот претседател во исламска носија

Водителот на американската телевизија “Fox”, Бил О’Рајли, објавил досега невидени фотографии од претседателот на САД, Барак Обама, кој во народна носија присуствувал на муслиманската венчавка на својот полубрат.

obama1

Се верува дека фотографиите се направени на почетокот на 90-тите години, некаде во Мериленд. О’Рајли ги искористил овие фотографии да го нападне Обама и неговата администрација во својата емисија на “Fox”.

“Овие фотографии докажуваат дека Обама е длабоко поврзан со исламот. Ова би можело да биде единственото објаснување за тоа зошто Обама не успеа во борбата против ИСИС. Тој константно не успева да ги препознае вистинските терористички закани, дозволи ИСИС да стане шериф на Блискиот исток, и уште одбива да ја признае својата грешка”, рекол О’Рајли.

obama2

Водителот додал дека администрацијата на Обама е одговорна за смртта на стотина илјади луѓе на Блискиот исток, и истакнал дека поради своите “муслимански корени константно одбива да го употреби изразот “исламски тероризам”, туку убијците ги нарекува само терористи”.

Претседателот во заминување не ги коментирал обвиненијата на водителот на Fox