Мистериозна смрт: По осум месеци го пронашле мумифициран на врв на дрво (ФОТО)

Руски детективи го истражуваат случајот на мумифицираното тело кое го пронашле како го „прегрнало“ стеблото на височина од 15 метри.

Мажот седел на гранка од бор во северниот дел на Томск во Сибир, а истражителите велат дека починал пред осум месеци.

Неидентификуваниот маж веројатно се искачил на стеблото преку ноќ за да се заштити од сите шумски опасности. Несреќниот човек бил пронајден во положба во која со двете раце се држи за стеблото, а починал од хипотермија.

Мажот бил облечен во морнарски елек,маичка, панталони и зимски чизми, а случајно го пронашол еден мештанин додека се шетал со својот татко низ шумата.