Мафијашка пресметка: Убил Албанец под туш, мислел дека е Србин

Швајцарската полиција уапси Италијанец стар 38 години, осомничен дека на 4 јули во реонот на кантонот Золотурн во оваа земја го убил Албанецот Арбен Гаши(32) додека овој се туширал во својот дом. Истрагата меѓутоа покажала дека тој настрадал по грешка и дека убиецот веројатно мислел дека пука во Србин кој претходно се отселил од таа куќа.

ubistvo4000

Според пишувањата на медиумите, убиецот кришум влегол во приватната куќа и се упатил во купатилото каде Гаши се туширал. Кога и пришол на жртвата, испукал три куршума и избегал. Италијанецот набрзо е уапсен поради сомнеж дека го сторил убиството. Како што пренесуваат швајцарските медиуми, по се судејќи, во прашање била грешка, а убиецот наводно сакал да се пресмета со Србинот со кој имал нерасчистени сметки, а претходно живеел во таа куќа. Обвинителството одби да каже кој Србин требало да биде убиен.