Казната за носење бурка во Швајцарија е 9.200 евра

Во швајцарскиот кантон Тичино е воведена забрана за носење бурка, а ако се прекрши забраната казната може да достигне и до 9.200 евра, објави британскиот „Дејли Телеграф“.

Во тој кантон, кој е претежно населен со римокатолици кои говорат италијански, една двојка е веќе казнета бидејќи не ја почитувала наредбата која стапила на сила во петокот.

Во тамошниот град Локарно на забраната за носење бурка во петокот јавно се спротистави Швајцарка која го примила исламот и еден бизнисмен со француско-алжирско потекло.

Полицијата парично ја казнила и Нора Или, инаку членка на Исламскиот централен совет на Швајцарија, наведува „Дејли Телеграф“.