(ВИДЕО) Оптичка илузија ја измами публиката – Што гледате жирафи или слон?

Оптичка илузија со две жирафи и слон, ја забавуваше но и збуни Интернет публиката. Во видеото од 33 секунди се гледаат две жирафи, но како камерата се врти, жирафите се претвораат во слон. Во коментарите на интернет кај некои оваа илузија е уметничко дело, и тие препознале како скулптурата која се наоѓа во истрискиот четврт Ле Мараис во Париз.

А како оваа оптичка илузија делува: Иако на почетокот се чини дека станува збор за рана скулптура, всушност се работи за 3D скулптура која со вешто виткање на жиците прикажува два вида на животни, а дали гледате жирафа или слон зависи од тоа од каде ја гледате скулптурата.