ВИДЕО: Ќе бараат вонземјани – Кинезите го изградија најголемиот телескоп на светот

Кина завршила со изградбата на најголемиот радио-телескоп на светот. Телескопот ќе се користи во потрагата по вонземен живот.

Овој единствен телескоп е огромна плоча со дијаметар од половина километар, кој го сочинуваат 4.450 рефлектори и се простира на површина со големина од околу 30 фудбалски игралишта, наведува агенцијата Sinhua.

Телескопот е сместен во шума во југозападната кинеска провинција Гуејџоу, окружен е со брда и оддалечен е од населени места.

Телескопот ќе има задача да детектира сигнали од вселената и да трага по интелигентни облици на живот. Кога ќе започне со работа, ќе биде во состојба да “собере” сигнали кои се оддалечени и до илјада светлосни години, пренесува Sputnik.

Изградбата на телескопот започнала во март 2011. година, и чинела 105,4 милиони долари. Проектот првобитно требало да биде завршен во септември оваа година.

Дијаметарот на овој телескоп изнесува 500 метри, со што го надминал телескопот Аресибо во Порторико, чија дијаметар е долг 300 метри.