Престанал да пие алкохол 500 дена и доживеал чудо

Корисник на социјалната мрежа Reddit под име Меатео, за да го спаси својот живот престанал да пие алкохол и со светот сподели фотографии од својата неверојатна трансформација после 500 дена апстиненција.

Неделно пиев неверојатно многу пиво и виски. Неброено многу пати се обидов да престанам да пијам, а ова е најдолгиот период кој го издржав без капка алкохол. Во еден момент го допрев самото дно и ми беше доста од се'”, тврди Меатео.

После три месеци апстиненција тој почнал и да трча, па тоа му помогнало да се истопат вишокот килограми. Сега, повеќе од една година без алкохол, Меатео е 36 килограми полесен.

И не само тоа, тој има совет за сите оние кои се обидуваат да престанат да пијат алкохол: „Ништо нема да се случи преку ноќ. Правете мали промени секој ден и поставувајте си себеси цели кои можете да ги исполните. Вежбајте и правилно хранете се. Запомнете зошто не пиете повеќе. Ако сепак не успеете од прв пат, немојте да паѓате во очај, само исправете се и почнете повторно. Ако јас го можам тоа, можете и вие”.