ФОТО: Лидерот на опозицијата фатен како спие во градскиот превоз

Лидерот на Лабуристичката партија во Велика Британија, Џејмс Корбин фотографиран е како стоејќи дреме во градскиот превоз.

Како што пренесуваат светските медиуми тој се наоѓа под голем притисок, како од своите поддржувачи, така и од противниците, затоа што не успеа во кампањата за останување на Британија во ЕУ.

„Ова е лидерот на Лабуристите, Џереми Корбин… Не се вози во Ролс Ројс, ниту во некој друг фенси автомобил, тој се вози со градскиот превоз, очигледно после долг ден на работа“, напиша Амар Алам кој ја објави фотографијата.

Според неговите зборови, Корбин има најмали трошоци од сите членови на парламентот.

После ова следеше опширна дебата на социјалните мрежи околу тоа дека Корбин е чесен и пристоен човек, но дека тоа не мора а значи дека би можел успешно да ја води државата.