Родителите на најбараниот босански џихадист: Тој е на патот на Алах, да имаме уште 9 синови, сите ќе војуваат

Иако Јасмин Кесеровиќ го бара половина свет поради заканите за терористички напади, неговите родители, очигледно несвесни за тежината и бруталноста на пораката која тој ја праќа, сè уште му даваат поддршка.

“Мојот син не е терорист и видеото кое е снимено, на него не е Јасмин. Не е тој на фотографијата, тој е болен и оди на штаки. Моето семејство и јас не сме луди и не сме психопати”, рекол Џевад Кесеровиќ, таткото на Јасмин, чие видео со терористички закани го обиколило светот.

Како што тврдат неговите родители, Јасмин 6 месеци одел во Средно Техничко училиште во Завидовиќ, каде наставниците не му дозволувале да ги врши дневните молитви, поради што со поддршка на родителите го напуштил образованието и го учел Куранот во Горна Маоча. Таму, тврдат тие, минал цели 3 години пред да замине на бојното поле.

“Тој отиде да војува, отиде да се бори во 2013. година. Да можам сега да го видам, би му порачал да се бори за Алах”, рекол неговиот татко.

Јасмин бил подучуван од Зијад Бијелиќ, и тогаш преобразбата и желбата за војување на Јасмин станале уште поизразени. Треба да се нагласи и дека постариот брат на Јасмин одел во Горна Маоча, за да го изучува Куранот.
Мајката на Јасмин, иако не сакала да застане пред камерата, веројатно несвесна за тоа што всушност значат пораките кои нејзиниот син ги праќа, рекла дека доколку има уште десет синови, сите би оделе на бојното поле, бидејќи како што вели, “за тоа што тој се бори, треба да се има храброст”.
Со Јасмин последен пат се слушнале пред еден месец преку Скајп, и од тогаш им била прекината комуникацијата, пишува Kurir.rs. Погледнете ја исповеста на таткото на Јасмин, кој очигледно не е свесен за тежината, бруталноста, но и опасноста која излегува од секој збор на неговиот син.

Најдобриот пријател на Јасмин од детството, рекол неговиот пријател никогаш не покажувал знаци на агресија, бил повлечен и ја почитувал верата.

Според достапните податоци, Кесеровиќ, кој е роден на 16. јуни 1994. година во местото Хајдаровиќ, отишол во Сирија заедно со уште двајца борци на 23. јануари 2013. година. По нив Интерпол има распишано потерница.