Ова дете има само 14 години, а одби работна понуда вредна 26 милиони евра (ВИДЕО)

Повеќето од децата во тинејџерското доба нема претприемачки дух, меѓутоа Тејлор Розентал од Америка дефинитивно не е еден од нив. Ова 14 годишно дете го направи автоматот „RedMed“ за брза испорака на прва помош. Неговата идеја заживеа, а потоа следела парична понуда од неверојатни 26 милиони долари која ова дете ја одби.

Една позната компанија за производство на пакети за прва помош му понуди на Тејлор неверојатна сума на пари која тој ја одбил затоа што сакал да види до каде неговата идеја ќе стигне.

Тејлор е страствен бејзбол навивач кој до оваа генијална идеја дошол кога видел како другарите му паѓаат по теренот, но тешко можат да ги санираат своите повреди затоа што не можат да најдат фластер.

„Дали некогаш сте биле во парк и го пуштиле детето да си игра, меѓутоа тоа панало и се повредило. Во тие ситуации е потребно да одите до најблискиот „RedMed“ автомат за фластер“, изјави Тејлор.

Околу 100 автомати за прва помош се наоѓаат во еден од најголемите авантуристички паркови Сикс Флегс.