Богатите деца во Русија толку претерале со расфрлање, што го налутиле и Путин

Приватни авиони луксузни јахти и скапоцени автомобили… Веќе ја знаете оваа приказна, станува збор за деца кои се расфрлаат со парите на нивните родители на социјалните мрежи и така предизвикуваат гнев кај остатокот од светот кој не живее во идеални услови.

Меѓутоа, децата од Русија во тоа навистина претерале и не запираат со прозивање на помалку среќните луѓе во животот и секојдневно ги провоцираат со фотографии од златни автомобили, скап шампањ и возење со хеликоптери на егзотични дестинации.


Нивното однесување го разбеснело и претседателот на Русија Владимир Путин, кој жестоко го осудил ова расфрлање, со оглед на тоа што во одредени делови од државата луѓето живеат во многу тешки услови.


„Се чини дека овие разгалени деца можат да се споредат со децата на арапските шеици и американските капиталисти кои живеат расипнички живот. Би се рекло и дека нашите деца се подобри во тоа“, пренесуваат руските медиуми.


Фотографиите од разгалените деца на Инстаграм добиле и својо официјален профил каде што на едно место може да се види колку всушност уживаат во животот.


„Хотели со 5 ѕвездички, приватни авиони и луксузни вили се омилените позадини за овие деца кои обожуваат да се фалат со ВИП третманот. Тие претежно посетуваат приватни училишта во Швајцарија и Велика Британија, за да го добијат најдоброто можно образование“, се додава во руските медиуми.


Родителите на одредени деца се тесно поврзани и со самиот Путин, па поради тоа претседателот на Русија апелира до нив да престанат со јавното покажување на пари.