Дали овој терорист ги организирал нападите на истанбулскиот аеродром?

урската полиција се сомнева дека “мозок на нападот” на аеродромот е Илхами Бали, алијас Ебу Бекир, кој важи за главен човек на Исламската држава во Турција, пишува германски “Bild”.

ilhami-bali-organizator-napadi-01

Турската полиција трага по организаторите на нападите на најголемиот аеродром во Турција. Многу знаци упатуваат кон Исламската држава, а доколку е навистина така, тогаш во планирањето веројатно е вмешан овој човек. Се верува дека Илхами Бали важи за највисок командант на ИСИС во Турција. Тој, меѓу другото, го наредил и нападот на 12. јануари во Истанбул, во кој загинале 12 лица. Тој организирал и шверц на борци и материјали од Турција во Сирија за потребите на ИСИС.

Џихадистот, чие борбено име во ИСИС гласи Ебу Бекир, и кој се наоѓа на листата на терористи во Турција, важи за лице со добро организирана мрежа. Според тврдењата на турската полиција, организирал транспорт, односно шверц на ранети припадници на ИСИС во турски болници во граничните градови Килис, Газиантеп и Санлиурфи.

Турските медиуми известуваат дека тој го организирал и нападот на двајца бомбаши самоубијци во Анкара на 10. октомври 2015. година. Станува збор за терористички напад на демонстрациите на прокурдската партија ХДП, во кој биле убиени 103 лица, додека 400 биле повредени.

Според информациите на турската разузнавачка служба, во меѓувреме бил ослободен од должноста командант за границата со Турција и моментално се наоѓа во Рака, центарот на Исламската држава. Се претпоставува дека сè уште е во контакт со мрежите во Турција. Доколку врвот на ИСИС решил да изведе нов напад на територијата на Турција, тогаш многу е можно Ебу Бакир да бил главниот планер. Бекир се наоѓа на потерница издадена од турските власти, а има и награда од 1,4 милиони долари за било каква информација која ќе доведе до апсењето на овој озлогласен терорист.