Ослабнала 243 килограми и станала анорексична (ВИДЕО)

Од една крајност, во друга – така може да се опише животот на 25-годишната девојка од САД, Кристина Филипс, која изгубила 243 килограми благодарение на оперција во текот на која и вградиле бајпас на желудник, односно и го намалиле обемот на желудникот така што повеќе не можела да се прејадува.

Својата килажа ја намалила на 75 килограми, но со време станала опседната со својата тежина, односно панично се плаши дека повторно ќе биде дебела. Признала дека никако не можела да се ослободи од чувството дека се уште е „премногу дебела“ па одбива храна и јаде само колку за да преживее. За нејзината состојба загрижен е и нејзиниот лекар.

– Целата таа екстремна постапка на слабеење низ која поминала кај неа создало нарушување во исхраната. Таа сега живее од 400 калории на ден и има премалку телесни масти. Не сум задоволен со тоа. Треба да јаде минимално двојно повеќе калории. Вака од една крајност отишла во друга, а двете се крајно нездрави – изјавил доктор Наузарадан.

Тој додал дека Кристина страда од уште едно нарушување кое исто така бара психолошка помош – дијагностицирано и е дисморфично нарушување (БДД), односно искривена слика за себе. Таа е уверена дека е постојано предебела и е на добар пат да стане анорексична.

Стручњаците велат дека таквите дијагнози знаат да водат кон депресија, склоност кон самоубиство, анемија, чиреви и др. Девојата за среќа е свесна за проблемите и прифатила стручна помош, пишува „Каунтри ливинг“.

Кристина пред две години учествувала во емисијата „My 600-lb Life” на „Ти-ел-си“. Станува збор за емисија која ги прикажува животите на екстремно дебелите луѓе. Тогаш изјавила дека почнала да се прејадува во детството бидејќи тоа било своевидно бегање од дисфункционалното семејство и честите родителски кавги – храната и станала утеха. Дневно во себе внесувала околу 7.000 калории.