ФОТО: Храбра борба на бебе родено со само 800 грама

Ленокс Молс е бебе кое родено во болница во австралискиот град Мелбурн 25 седмици пред терминот со само 800 грама, и веднаш по раѓањето било сместено во пластична вреќа за да му се одржи телесната температура.

Докторите во Кралската женска болница во Мелбурн велат дека ставање на бебе во пластична кеса е стандардна процедура за предвремено родени деца, која прави на бебињата да им биде топло, бидејќи тие не се доволно развиени за да можат сами да си обезбедат топлина.

По раѓањето, Леконс 111 дена минал во болница, пред да биде пуштен дома. Лили Манро, мајката на детето, своето четврто дете го нарекува “чудесно”, бидејќи веројатноста за бебе родено во тој период да преживее изнесува 50 проценти. Таа вели дека веќе во 24-та недела од бременоста почувствувала дека нешто не е во ред.

“Додека ме прегледуваше докторот, погледна во ултразвукот на екранот и ми кажа: “Не одиш ти никаде, се отвори грлото и раката на бебето е во супермен поза””, рекла госпоѓа Манро за австралискиот Daily Mail.

Ленокс, кого родителите го нарекуваат Лени, е роден на 29. февруари, по што четири месеци минал во болница борејќи се за својот живот. Неговите очи успеале да се развијат доволно, но можно е во некој момент да биде потребна ласерска операција.

Ленокс сега тежи 3,5 килограми, но има потешкотии при дишењето. Неговите родители морале да престанат да работат за да можат секој ден да доаѓаат во болница, поради што влегле во долгови.

За да успеат да ја платат заостанатата кирија и да ги платат сметките, започнале кампања за собирање на пари преку “Gofundme”, и за еден месец собрале повеќе од 5.000 долари.