Борисов: Во ЕУ ќе останат само Бугарија, Романија и Грција

Во наредните месеци и години ќе го видиме резултатот од излезот на велика Британија од ЕУ, сега тешко може да се прогнозира, но во секој случај за мене ова е лош ден за Европа, оцени бугарскиот премиер Бојко Борисов. На прашањето дали „лош ден за Европа“ значи распаѓање на ЕУ, Борисов одговори дека тоа се многу тешки зборови, јави БГНЕС.

„Јас го почитувам изборот на британските граѓани, иако од денеска натаму ќе биде многу поделен. Она што ќе биде добро или лошо е последица на овој избор. Отсега натаму ЕУ треба да покаже дека може и без велика Британија. Штом така избрале, треба да се остават сами да решаваат за нивната судбина, а ние треба да почнеме да размислуваме за Европа без нив“, коментира Борисов.