Следува пад на температурите

Времето утре во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 21, а дневната од 31 до 38 степени. УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец.

Утринската темепеатура ќе достигне до 21, а дневната до 37 степени.

Во сабота ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност.

Од недела во попладневните часови ќе има локален пороен дожд и појава на грмежи, а дневните температури ќе бележат постепено опаѓање.