Во Словенија се бараат келнери и возачи на камиони – минимална плата 784 евра

Словенечките работодавачи моментално нудат од 400 слободни работни места за келнери, а нешто помалку за возачи на камиони.

Исто така, потребни се и неквалификувани работници за работа во индустрија, чистачи, хигиеничари, а од стручните занимања барани се електроинсталери. Според податоците на статистичкиот завод, стапката на невработеност во оваа земја моментално е 12 отсто и е во благ пад. Минималната плата во Словенија изнесува 784 евра, што значи дека е најмалата цифра која може да се заработи на било која работа.