ФОТО: Семејството Ѓоковиќ користи јавен превоз

Новак Ѓоковиќ, најдобриот светски тенисер ги воодушеви навивачите и фановите во Лондон со неговото однесување. Имено, тој со сопругата, убавата Јелена, се одлучија наместо со луксузни автомобили да се возат со метро, за да ја избегнат гужвата. На Новак кој секогаш е познат по својата приземност, не му пречи да се вози во преполно метро, туку напротив, тој се смееше и фоткаше со фановите.

– Прав Лондонец! Најдобар начин да се избегне гужва, напиша тој.

novak gokovic