Чаденото месо предизвикува рак на желудникот

Пршутата, чадената шунка, сланината, колбасите и другите месни производи го зголемуваат ризикот од настанување на рак на желудникот.

Пршутата, чадената шунка, сланината, колбасите и другите месни производи го зголемуваат ризикот од настанување на рак на желудникот.Зачестењето консумирање пршута, чадена шунка, сланина, колбаси и други месни преработки го загрозува здравјето, тврди група научници од Институтот за истражување на рак во Шведска.

Скандинавските стручњаци, имено, откриле дека наведените сувомесни производи го зголемуваат ризикот од настанување на карцином на желудникот. До овој, како што велат, недвосмислен заклучок, дошле по четиригодишно истражување, во кое учествувале 4.704 лица. Никој досега толку детално не ја истражувал поврзаноста на чаденото месо со ракот на желудникот. Анализите покажаа дека секојдневното консумирање чадени месни преработки го зголемува ризикот за настанување на рак на желудник од 15 до дури 38 отсто. Преработените месни производи се многу солени, чадени и имаат голема количина на нитрати. Таа комбинација очигледно е виновник за зголемениот ризик за појава на карцином на желудникот, четврто по зачестеност заболубање – истакнала д-р Сузана Ларсон, член на истражувачкиот тим.