Родители внимавајте: Ова дете изгубило 75 проценти од видот поради играчка која сите ја имаме дома

Џони Маршал имал голема желба родителите да му купат ласер, но тоа била катастрофална грешка поради која ќе жали цел живот.

Општо е познато дека лесерите не се играчки за мали деца кои секогаш се љуботни, а колку се тие опасни најдобро може да се види по примерот на малиот Џони, кого играњето со ласер го чинеше 75 проценти од видот.

Тој на научниот саем во училиштето на неговата сестра видел ласер кој сакал да го има, а по убедувањето на родителите, тие попуштиле и му го купиле и му дозволиле да си игра.

Џони во домот си играл со ласерот, а поради љубопитност во еден момент го вперил кон своето око, што за четвртина секунда донело до трајно оштетување на мрежницата во окото.

Ласерите за широка употреба смеат да имаат сила помеѓу 3 и 5 миливати, но голем број од овие уреи има поголема сила која може да остави трајни последици на видот.