На 18 години ја продава вилата од 4 милиони, за да си купи поскапа

Кајли Џенер својата прва вила ја купи на 17 години и за неа издвои 2,7 милиони долари, а сега куќата од 400 метри квадратни изгледа и е претесна. Имено, популарната старлета веќе ја понудила куќата на продажба, а Кајли за неа бара 4 милиони долари, бидејќи во меѓувреме потполно ја реновирала.

kylieisntavila0

Се шушка дека куќата на популарната Кајли многу брзо ќе биде продадена по посакуваната цена, а старлетата веќе пронашла нов дом за себе. Станува збор за нешто поголема вила во Хиден Хилс во Лос Анџелес, блиску до куќата на нејзината мајка Крис Џенер, а за неа издвоила вртоглави 6 милиони долари.