ВИДЕО: Педофил проба да киднапира девојче во маркет

Ова неверојатно видено од Флорида го прикажува моментот кога мајка се бори со манијак кој пробува да ја киднапира нејзината ќерка сред продавница.

Полицијата оваа снимка ја објави на Фејсбук, а набрзо стана вирална.

На видеото се гледа човек, идентификуван како Крег Бонело, како го фаќа 13 годишното девојче додека купувала со мајка и во маркет, па пробал да побегне со нејзе.

Но ни мајката не ја даваше својата ќерка така лесно. Таа ја фати крошната и тргна да се бори со напаѓачот, кој пробуваше да го извлече надвор девојчето.

На крајот се предал и го пуштил девојчето. Но сепак не успеал да се извлече. Само што истрчал од маркетот, го начекал полицаецот Џон Бенен, кој тогаш не бил на должност, со пиштолот вперен кон него.

„За 10 години работи сум видел се, но вавко нешто никогаш. Тој стварно имаше намера да го киднапира девојчето и покрај тоа што имаше толку луѓе во маркетот“, изјави поручникот Крег Калахан