Ужасна исповед: Се разбудив и сфатив дека соседот ме силува на креветот

22 годишната Џесика Доналд од Њукасл, Англија отишла кај својот пријател Глен Милс како би поразговарале, но заспала на неговиот кревет. Кога ги отворила очите, сфатила дека е потполно гола, а 31 годишниот бил над неа.

Глен го снимал и фотографирал овој стравичен напад, додека жртвата спиела, а Џесика вриштела и го молела Глен да се тргне од неа, пробала да го бутне, но тој игнорирал се. Ја ослободил откако ја силувал. Џесика некако собрала сили и отишла во својот дом. Се срушила на под и заплакала, а подоцна викнала полиција.

„Она што ми се случи ме погоди многу, но ми е драго што повикав полиција“, вели мајката на 3 годишно дете. „Сакам да ги предупредам другите девојки да бидат внимателни. Ова може да му се случи на секого. Одењето во полиција беше застрашувачки, а поголемиот број од жртвите се плаши дека полицијата нема да им верува. Полицијата ваквите напади ги сфаќа озбилно. Сега Глен е осуден и чувствувам дека можам да продолжам понатака“, вели Џесика и додава.

„Кога се разбудив бев целосно гола, а облеката беше покрај мене. Бев свесна што се случува, но не можев ништо да направам. Му велев да престане, но тој не ме слушаше. Не можем ништо затоа што е поголем и појак од мене. После седеше како ништо да не се случило. Се чувствував ужасно, безвредно.

Глен е осуден на 6 години затвор и доживотно ќе биде запишан во регистарот на сексуални престапници.