Не смеете да ги игнорирате овие симптоми тие укажуваат на зачеток на рак

Послушајте ги знаците коишто ви ги испраќа телото, бидејќи навремената реакција може да спаси живот.

Мажите најчесто го одложуваат одењето на лекар, но стручњаците препорачуваат дека треба да се прават почести контроли, особено поради симптомите од поединечни видови на рак коишто најчесто се јавуваат кај мажите.

Но, со редовни контроли овие видови на рак може да се откријат навремено, уште во раните фази, кога се и далеку подобри можностите за успех на терапиите.

Рак на простата

Кај овој вид на карцином најчесто нема јасни рани симптоми, но може да се открие преку дигитален ректален тест, а најбезболен начин за проверка е преку испитувањето на нивото на простата-специфичен антиген (ПСА) коешто се утврдува со вадење на крв од вена.
Овој вид на рак се јавува кај пет до седум отсто од мажите постари од 50 години, а смртноста е релативно ниска – три отсто.

После 70-та година, околу 80 отсто од мажите развиваат некаков облик на рак на простатата, но главно не умираат од тоа. Симптомите на болеста на коишто треба да се обрне внимание на возраст над 50 години (иако тие може да укажуваат и на бенигни промени) се неможноста за уринирање, отежнато и често мокрење, особено навечер, послаб млаз при мокрењето, крв во урината, крв во спермата, проблеми со ерекцијата и ејакулацијата (болна ејакулација), зачестени болки во долниот дел на грбот и колковите. Отежнатото мокрење, бавниот проток и непотполното празнење на мочниот меур исто така може да бидат последица од зголемување на простатата или стеснување на уретрата.

Рак на бели дробови

Кај ракот на белите дробови заболените најчесто не чувствуваат рани знаци на болеста, но кашлицата којашто не минува, или онаа при која се забележува и искашлана крв, најчесто е доказ дека ракот е присутен, вели доктор Езра Кохен, онколог од Медицинскиот центар при Универзитетот Чикаго.

Освен тоа, болката во градите којашто е постојано присутна и на неа не влијаат движењата, губењето од тежината, температурата или појавата на астма, исто така не треба да се игнорира.

Понекогаш овие симптоми може да укажуваат на воспаление на белите дробови, па во тој случај биопсијата е најсигурен показател. А ако пациентот пуши, или пак е пасивен пушач, кашлицата никако не смее да се игнорира, вели Кохен.

Рак на дебелото црево

Крвта во столицата никогаш не смее да се игнорира, дури и ако се појави само еднаш, бидејќи можеби станува збор за предканцероген полип којшто крвари, а крварењето е единствен ран знак за рак на дебелото црево којшто може да се забележи.

Кај мажите помлади од 50 години крварењето е веројатно последица од хемороиди или колитис, но стручњаците сепак препорачуваат лекарски преглед.

Колоноскопијата е единствена доверлива метода за дијагностицирање и најдобар начин за докторот да го отстрани полипот којшто подоцна би се развил во опасна болест.

Рак на мочниот меур

Крвта во урината секако е причина за да се побара лекарски совет, а ако пациентот е помлад од 60 години, вообичаено се работи за камења или песок во бубрезите.

Меѓутоа, лекарите велат дека се треба да се провери, бидејќи ако ракот на мочниот меур се воочи навремено, може полесно да се победи. Исто така лекарите потенцираат дека и премногу активниот меур или болното уринирање често претставуваат знак за инфекција.

Лимфом

Безболните и отечени лимфни јазли на вратот, пазувите или препоните, укажуваат на болест.

Лимфните јазли потекуваат во текот на инфекцијата, па ако не спласнат после недела дена, треба да се побара лекарски совет.

Исто така, необјаснивото губење на тежина за месец или два, болката во подрачјето на јазлите после консумирањето на алкохол или чешањето без појава на осип може да претставуваат знак за загриженост.

Стручњаците потенцираат дека тестот преку крв може лесно да укаже на можен лимфом, а биопсијата е најсигурна постапка за тестирање.