Моника Белучи: Ако си слаб, не значи дека си убав

Италијанската актерка Моника Белучи, со сигурност не е Бонд девојка, туку Бонд жена, која и во 51-та година од својот живот се уште изгледа мошне привлечно.

Жена од 50 години никогаш нема да има енергија како жена во нејзините 20-ти. Претпоставувам дека на 50  започнуваме повторно да живееме, вели таа.

Сепак, Белучи не е типична ѕвезда која се обидува да изгледа вечно младо, ниту пак да се подложува на тешки тренинзи и диети со цел да ја задржи витката линија.

-Ако си слаб не значи дека си убав. Жена сум и имам облини. Премногу сум мрзелива за да одам во теретана. Сакам да јадам чоколадо, тестенини и со пријателите да седам во теретана. Не сум опседната со тоа да бидам слаба, додава актерката.