По бојата на урината – Дали имате некаква инфекција во организмот?

Обратете внимание на тоа каква боја има вашата урина и откријте дали има потреба за загриженост и посета на докторот:

1. Проѕирна или светло жолта боја

Ваквата урина е индикатор дека телото е здраво. Проѕирната урина е дури подобра, бидејќи покажува дека сте пиеле доволна вода и дека вашиот организам е хидратизиран. Водата ги регулира сите органи и нивната температура и ги пренесува хранливите материи низ телото.

2. Потемна или многу темна жолта боја

Ако ја забележите ваквата боја во текот на првото мокрење наутро, не грижете се, таквата боја се формира преку ноќ. Но, ако редовно гледате таква боја, мора да почнете да пиете повеќе вода. Темно жолтата урина вели дека недостигаат течности во организмот и дека тој е дехидриран.

3. Бела боја

Бела или заматена моч значи голема концетрација на бели крви зрнца кои се борат со инфекција, што значи дека телото се бори со уринарна инфекција.

Ако имате потреба за почесто мокрење, имате болно мокрење или чувство на печење за време на мокрењето, задолжително одете на доктор. Водата е вашиот сојузник во ваква ситуација – па затоа веднаш почнете да пиете голема количина течности и одмарајте на топло – здравјето сигурно брзо ќе ви се подобри.