ФОТО: Русите ги претепаа и Албанците во Франција, им го зедоа знамето

После Марсеј каде нехумано ги претепаа Англичаните, го продолжија ловот против нив и во Лил.

Таму Англичаните се здружиле со Велшаните против Русите. Сепак, повторно бегале од истренираните руски хулигани, кои некои од нив кои не биле доволно брзи ги претепале, а во тепачката освоиле и неколку “противнички трофеи”, меѓу кои се знамињата на англиските навивачи, но и знамето на Албанија.

Англиските навивачи претходните денови се здружиле и со албанските и заедно пееле песни, но веројатно заедно налетале на руските “ѕверови”, поточно на групата на Спартак Москва, или хулиганите на така наречената група “Тhe Aliens”.

Русите со своите трофеи се пофалија на Twitter, каде покажаа неколку англиски знамиња, но и едно албанско.

View image on Twitter