Предупредување од Фејсбук: “Доколку не го направите ова, ќе ви исчезнат сите фотографии”

Социјалната мрежа Фејсбук почнала да ги предупредува своите корисници, кои објавувале фотографии преку своите “IOS” уреди, дека тие албуми ќе исчезнат следниот месец, и дека треба да ја инсталираат новата апликација “Moments”.

Функцијата на Фејсбук за синхронизирање на фотографии со “IOS” била лансирана во 2012. година, а на корисниците им овозможила автоматски да ги вчитаат сите фотографии од своите уреди во приватен албум со име “Synced” или “Synced from Phone”.

Идејата била на тој начин корисниците полесно да пронаоѓаат и да споделуваат фотографии.

Корисниците сега добиваат мејлови и нотификации на Фејсбук дека нивните албуми ќе исчезнат на 7. јули и дека треба или да ги отстранат фотографиите или да ја инсталираат новата апликација “Moments” за да ги задржат на Фејсбук.

Потоа бил забележан значаен раст на преземање на таа апликација, која сега е на второто место на најпреземена бесплатна апликација.

Присилувањето на преземање на уште една апликација предизвикало револт помеѓу корисниците на споменатата социјална мрежа, кои пред две години морале да инсталираат “Messenger” за да продолжат со комуникацијата со пријателите.