Охрид се откажа од идејата да купи подморница

Охридските угостители се откажаа од идејата да купат мини-подморница со која туристите би ги разгледувале подводните убавини на Охридското Езеро. Велат дека причина за тоа е високата цена на подморницата и кусата сезона во Охрид.

Пред седум години во Охрид престојуваа претставници на германската компанија „Немо“ која продава подморници, кои рекоа дека цената изнесува околу 200.000 евра. Подморницата може да плови под вода околу 50 минути, а цената за туристите би била околу 75 евра за еден час.