Мистериозна специјална тајна служба: Луѓето на Путин кои можат сè, а за нив речиси ништо не се знае

Руската Федерална служба за заштита – “FSO”, која е одговорна за безбедноста на претседателот, е најтајната организација во Русија со големи овластувања. “FSO” е моќна, повеќефункционална и многу затворена организација, а за нејзините активности може само да претпоставува.

Не постојат никакви јавни податоци за нејзините операции, ниту било какви извештаи во јавноста.

На нејзино чело цели 16 години бил генералот Јевгениј Муров, долгогодишен соборец на Владимир Путин, кој, како и рускиот претседател, дошол од владејачките структури на Ленинград.

Неодамна Путин го сменил Муров и на негово место го поставил неговиот заменик Дмитриј Кочнев. Разрешувањето било поврзано со фактот дека Муров ја исполнил старосната граница за државни службеници, па заминал во пензија.

Генерал Муров, еден од највлијателните луѓе во земјата, на местото шеф на “FSO” дошол 11 дена откако Путин станал претседател и својата позиција никогаш не ја изгубил.

За новиот челник на “FSO” се знае многу малку. Кочнев е човек без биографија – на страниците на Кремљ и “FSO” за него нема ни збор. Се знае само дека од крајот на 2015. година раководи со службата за безбедност на претседателот.

vojska

Семоќна специјална служба

“FSO” како специјална служба е речиси семоќна – нејзините луѓе имаат право да вршат оперативно-пребарувачка должност, да прислушуваат и да влегуваат во лична кореспонденција, да приведуваат граѓани, да претресуваат домови и да запленуваат автомобили.

При заштитата на државните канцеларии и други објекти, луѓето од “FSO” се одговорни и за рутите на кои тие објекти се наоѓаат. Под нивна контрола е секоја 12. улица во Москва, а тие кои живеат на тие улици веќе традиционално имаат досие.

“FSO” се занимава и со социолошки истражувања на населението. Овие податоци се собираат за раководството на земјата, а се верува дека претседателот на Русија, Собранието за безбедност и Владата, се потпираат токму на тие податоци при донесувањето на одлуките.

Рејтинзите на партиските лидери, мониторингот на социо-економските ситуации во регионите – сето тоа влегува во областа на задолженија на “FSO”. Доколку некој од гувернерите поднесе оставка во врска со губење на доверба – најверојатно тоа има врска со “FSO”, наведуваат руските аналитички портали.

vojska1

Црни униформи и микрофони

Најпознатата должност на “FSO” е да го штити “телото број еден”, односно претседателот на Русија.

Понекогаш припадниците на “FSO” се облечени во црни униформи и во увото носат микрофон, некогаш се во цивилна облека и се губат во група луѓе. Тоа го прават оние во кои државата има најмногу доверба.

Тие не го штитат само претседателот, туку и судиите, сведоците, функционерите и објектите, како Кремљ и Државната Дума.

Информирани извори наведуваат дека е познато ривалството помеѓу “FSO” и Федералната служба за безбедност “FSB”.

Едно од последните проширувања на овластувањата на “FSO” е создавање и развој на руски сегмент од интернетот за јавни службеници. Овие луѓе се одговорни и за заштитени шифрирани комуникациски канали.

Најубиствен пиштол во светот

Во вооружувањето на “FSO” влегува пиштолот кој ги менува “PM Makarov” и “PJ Jargin”. Новиот модел го изработил Централниот научноистражувачки институт за прецизна машинерија, што потврдуваат и претставници од самиот Институт.

Иако не се зборува за кој модел на пиштол станува збор, најверојатно се работи за една од модификациите на најубиствениот и најкомпактниот автоматски пиштол “SPS”.

Според своите караткеристики “SPS” се смета за еден од најдобрите современи пиштоли, а конструиран е “од нула”, односно без потпирање на некој постар модел.

Само експертите за стрелачко вооружување се запознаени со тој пиштол, иако не е строго чувана тајна.

Овој пиштол го носат припадниците од најтесната заштита на Путин, кои не се одвојуваат од претседателот и го следат во официјални посети ширум светот.

Тоа компактно оружје е толку убиствено што е забрането да се внесе во САД. Американците на руските чувари им дозволуваат само послабо лично вооружување.