Руски аналитичар: САД имаат големи планови за Балканот

САД имаат големи планови за Балканот, тврди рускиот политички аналитичар и член на Руската академија на науки, Петр Искендеров. Во изјавата за “Radio Sputnik”, Искендеров рекол дека тие планови не подразбираат само политичко присуство, туку и воено во одредени делови од Балканот.

kosovo-nato-123

Искендеров верува дека Косово ќе стане дел од ракетниот штит кој Америка и НАТО го воспоставуваат во Европа.

“НАТО, посебно САД, сакаат да го стават Косово во центарот на своите политички и воени планови, посебно поради одличната локација на која се наоѓа таа територија”, рекол Искендеров.

НАТО неодамна ја примил Црна Гора како 29. члена на Алијансата, во време кога Алијансата станува сè поактивна на своите источни и јужни свиоци, повикувајќи се на непостоечка опасност од Русија како една причините, пишува Sputnik и додава дека доколку Америка ги реализира своите планови на Косово, тоа не би требало да биде изненадување.

Доколку дојде до тоа, Косово би можело да стане еден од поважните јазли во ракетниот штит кој Вашингтон го прави во Европа, а кој во Москва го опишуваат како закана по безбедноста. Од неодамна, една постројка на американскиот систем на противракетна одбрана во Романија станала оперативна, додека во 2018. година дел од истиот ракетен штит би требало да биде активиран и во Полска.

“Вашингтон исто така сака ова подрачје да го претвори во своја отскочна даска за развивање на своите воени инфраструктури во регионот. На пример, САД би можеле да ги разместат своите радари или системи за ракетна одбрана таму”, објаснува Искендеров.

Истовремено, Косово мора да се бори со порастот на радикализмот. Повеќе од 300 луѓе заминале од тоа подрачје да се борат на страната на ИСИС. Тој број можеби не делува како голем, со оглед на тоа што таму живеат околу 1,8 луѓе, но тоа е најголем број на луѓе кои од една територија се приклучиле кон ИСИС.

“Косово стана плодно тло за радикални исламисти и слични групи кои го користат фактот што оваа територија буквално никој не ја контролира”, вели Искендеров.