Болна вистина – Еве зошто браковите се распаднуваат и луѓето престануваат да се сакаат

Ошо, идијски гуру познат по името Рајниш, остана запамтен во своите мудри совети, изреки и учења.

Тој одамна ја опиша човековата потреба за љубов, на потполно поинаков начин во односите кои ни се познати.
Прочитајте  размислете.

Вие сакате некој да ве сака, и ако некој ве сака се чувствувате добро. Но, тоа што не знаете е дека другите ве сакаат е само затоа што и тие сакаат да ги сакате нив. Тоа е исто како кога некој фрла мамка за риби, тој не ја фрла за рибите да би ја изеле, туку за да ги улови.  Тој не сака да им даде храна на рибите, тоа го прави само затоа што сака да ги улови. Сите луѓе наоколу гледате дека се во љубов, тие само фрлаат мамка за да фатат љубов. За момент ќе фрлат мамка додека другата личност не почне да чувствува дека има можност да добие љубов. Тогаш и тој ќе покаже љубов, додека и двајцата не сватат дека просат за љубов.

Тие направиле грешка. Секој мисли дека спротивната личност е цар, по некое време  двајцата ќе сватат дека не добиле љубов а тогаш престануваат и пријателствата. Поради тоа се мисли дека брачниот живот е пекол, зошто сите сакаат љубов а не знааат како да ја дадат. Тоа е основната причина за сите кавги, пишува familu.rs. Се додека не се случи спротивно на ова погоре, односот помеѓу мажот и жената никогаш нема да биде хармоничен, без оглед какво услогласување би правеле.

Единствен начин да го направите односот подобар е да сватите дека љубовта може само да ја давате а не да ја барате. Таа само може да се дава. Било што да примите е благослов, тоа не е награда за љубов. Љубовта се дава а сето она што ќе го земете за возврат е благослов.  Дури и ако ништо не примите, вие ќе бидете среќни зошто сте успеале да дадете.