ВИДЕО: Светот во опасност од супер бактерија

Американските здравствени власти во четвртокот го соопштија првиот случај на инфекција од супербактеријата што е отпорна на сите антибиотици, па дури и на колистинот, кој обично е лек што се дава како последна надеж против голем број бактериски инфекции кај луѓето и животните. Колистинот, кој беше одобрен во 1950-тите, беше исфрлен од употреба во 1970-тите поради неговата токсичност.

Лекарите продолжија да го употребуваат во случаи кога ништо друго не помага.Во последниве шест месеци научниците открија бактерија што е отпорна на колистинот во над десетина земји, вели студијата објавена во четвртокот во изданието на Американското друштво што ја спроведе Националниот воено-медицински центар „Волтер Рид“.„Ризикуваме да влеземе во постантибиотски свет“, вели Томас Фриден, директор на Центарот за контрола и превенција на болести, повикувајќи се на случајот на една 49-годишна жена од Пенсилванија што ни по пет месеци не успеала да се излечи од инфекција на уринарниот тракт.

Мутацијата на ДНК што ја направила бактеријата отпорна на антибиотици е наречена МЦР-1.Говорејќи во Националниот прес-клуб во Вашингтон, Фриден додаде дека инфекцијата не се повлекла дури ни по третманот со колистин, кој се смета за кошмар за бактериите, а тоа, тврди тој, е сериозен проблем.Ова е, колку што е познато, прв случај на МЦР-1 во САД, рече Фриден.

Минатата година научниците во Кина открија мутиран вид бактерија што е отпорна на речиси сите антибиотици, вклучувајќи го и колистинот, и која лесно се шири од вид на вид. Според студијата, бактеријата била откриена за време на рутинска проверка на отпорноста на ешерихија коли. Кај субјектите заразени со таа бактерија, 21 отсто од животните имале бактерија отпорна на колистин, а била најдена и во 15 проценти од примероците сурово месо и во 1 отсто од луѓето.