Се тресе земјата – за една недела 10 земјотреси

Десетина земјотреси за една недела ја стресоа Македонија и регионот. Најсилниот беше регистриран во соседна Грција со интензитет од 5,4 степени.


Во Македонија најсилниот земјотрес беше регистриран на 21 мај во близина на селото Косел и имаше интензитет од 4,8 степени. Претходно во Белчишта беше регистриран уште еден земјотрес со интензитет од 4,7 степени.
Сеизмолозите смируваат. Велат дека нема место за паника бидејќи регионот во кој се наоѓа Македонија нема голема сеизмичка активност. Сепак, велат дека се можни помали потреси кои не предизвикуваат материјална штета.