Ракот може да се спречи, а научниците советуваат како

Објавено: четврток, 26 мај 2016 во 10:19
Spread the love

Придржувањето до само четири едноставни животни правила би можело драстично да го намали ризикот за заболување од најчестите видови на карцином.

До овие податоци дошло по спроведувањето на новото истражување објавено во научното списание “JAMA Oncolgy”.

Истражувањето покажало дека четири фактори играат најголема улога во зголемувањето на ризикот од заболување од рак: пушење, пиење алкохол, телесна тежина и вежби на телото.

-Повеќето видови на карцином може да се спречат, а проценките се дури 80 до 90 проценти за ракот поврзан со пушењето, рекол Грахам Колдиц, професор по епидемиологија од Харвард, кој е дел од научното истражување.

Консумирањето на алкохол мора да биде сведено на минимум – не повеќе од една чаша дневно за жени, или две за мажи. Телесната тежина мора да биде умерена, не преголема, но не и премала – индексот на телесната тежина би требало да биде помеѓу 18,5 и 27,5. Последниот критериум е вежбање на телото – лицата со низок ризик од заболување вежбале со умерен интензитет најмалку 150 минути неделно.