Видео: Закани од поплави во Охрид – Езерото полно до врв

Врнежите оваа пролет и надојдените реки го кренаа нивото на Охридското Езеро. Хидролошката ситуација е позитивна, што поволно ќе влијае и на производството на електрична енергија, бидејќи Охридското Езеро се’ уште се користи како акумулација која се регулира преку реката Дрим, пренесе Охридњуз.

Ветрот кој дуваше денеска го разбранува езерото. Брановите го заплискуваа кејот, па ретки беа минувачите кои се двиежеа покрај брегот.