Доаѓа невреме над Македонија – Викендов подгответе се за горештини

Lightning strikes during monsoon storms in the desert area of Baker, California, July 19, 2006. Reuters/Gene Blevins (UNITED STATES)

Локализирана појава на невреме проследено со посилен ветер и грмотевици најавуваат метеоролозите за попладнево. Температурата нема да надмине 23 степени.

Слично време не очекува и утре и во петок, а за викендот подгответе се за првите температури кои потсетуваат на лето.

Во сабота ќе имаме над 29 степени, а во недела температурите ќе надминат 30 степени. Слично време ќе се задржи во текот на идната недела.