ВНИМАВАЈТЕ: Фалсификувани пари кружат во Скопје

Во 16 часот и 20 минути вчера во трафика на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје, непознато лице дало фалц пари. Во трафиката на40-годишниот скопјанец Л.П. непознато лице и дало три банкноти од по 20 евра на продавачката, а откако таа ги проверила банкнотите, утврдила дека се фалсификувани.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на измамникот и за целосно расчистување на случајот.