Претседателот Николиќ бил подготвен да се разведе од сопругата и да се ожени со мисица

Претседателот Томислав Николиќ бил подготвен да се разведе од сопругата Драгица и да се ожени со атрактивната мисица, на која дури и посветувал и љубовни песни, открива српски Курир.

Семејната драма во домот на Николиќ ја потврдува дамата која се нашла во љубовниот триаголник – поранешната мис Михиќ. Таа за весникот сведочи дека од Николиќ добила брачна понуда, но таа турбулентна 1993 година го оставила поради скромното образование.

Иако тврди дека му возвраќала само со пријателство, признава дека со Николиќ, тогаш заменик претседател на Српската радикална странска, делела стан.