Видео: Охриѓанец сними неверојатно видео на Змискиот остров во Преспанско!

Островот „Голем град“ или попознат како „Змиски остров“ во Преспанското езеро е природен резерват заради карактеристичната флора и фауна како и поради своето историско минато.

За многу авантуристи и истражувачи, овој остров во Преспа е еден од најатрактивните места и голем предизвик за посета, но само за оние најхрабрите.

Еден од нив бил храбриот охриѓанец кој го деновиве го посетил островот, а видеото го објави на социјалните мрежи.

Она што го забележала неговата камера е огромното гнездо на змии на кои периодов им е сезона за парење.

Ако имавте желба да видите како одблизу изгледа македонскиот змиски остров, погледнете во продолжение: